Најчестиот начин на кој забранетите афери се откриваат и се наоѓаат токму во мобилните телефони, како што се инкриминираните смс-пораки кои се праќаат на љубовниците или поранешните партнери.
Семејните собири за празниците често ја одзема можноста на прељубниците да се видат со своите љубовници, па така најчесто се потпираат на мобилните, покажала една студија на британската фирма Вардаг. Според неа, брачните парови најчесто ја докажуваат прељубата со инкриминираните смс-пораки и листата на повици, пишуваат британските медиуми.
Поводот за релаксираност секако е празничното расположение и испиената пијачка повеќе, па прељубниците стануваат помалку внимателни и така полесно се откриваат, заклучуваат истражувачите.
– Излегувањето на балкон или криењето во бањата и телефонирање, кај повеќето луѓе тоа ќе предизвика сомневање и ќе им даде мотив да истражат. Од една страна, прељубниците со своето однесување и самите го предизвикуваат и бараат сомнежот- заклучила адвокатката Ајеша Вардаг, прогласена за најдобар британски адвокат за разводи.
Таа додаде дека од нејзино искуство се покажува дека голем број на луѓе се посомневаат во верноста на својот партнер токму за време на празниците, како Божиќ и Нова Година.