Новогодишен хит: Лампиони со алкохол

Британската компанија The Lakes Distillery тврди дека со нивните лампиони гарантирано ќе го „почувствувате новогодишниот дух“. Тоа е затоа што всушност се работи за производител на алкохол, а нивните „лампиони“ се всушност еден вид шишиња со виски, џин и вотка.

Секако, можете да ги поставите на елката, а потоа со друштвото и/ли најблиските заедно да ја „раскитувате“ во текот на новогодишната вечер. Со секој „раскитен лампион“ всушност сте испиле околу 20 милилитри алкохол.

Лампионите на The Lakes Distillery се продаваат во комплет од 6 мини-шишиња со по 20 милилитри, или поединечно – како еден поголем лампион. Пакетот чини 20 фунти (околу 1.360 денари), а големите лампиони по 12 фунти (околу 818 денари).

 

- Реклама -