Новогодишен детски џез концерт – Од најмладите за најмладите!


Националниот џез оркестар најавува уште еден музички спектакл, новогодишен детски џез концерт.
Од најмладите за најмладите!  На концертот ќе бидат изведени светски најпознатите и најубавите новогодишни композиции.

„Овој пат, ќе ги споиме искуството со младоста и талентот. Нашата сцена ќе ја разубават и ќе ја делат со Националниот џез оркестар следните учесници: Лена Илиевска, Алексеј Ивановски, Нела Манческа, Ирина Давидовска, Бисера Дамческа.  Хорот при ООУ „Дане Крапчев,“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев.  Балетското студио за класичен балет и модерен танц „Балерина” предводено од балетскиот педагог Маја Каревски. Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин“, најавија од Националниот џез оркестар.

Оркестарот продолжува со тенденцијата да ја доближи џез музиката до сите генерации, а овој концерт ветува добра музика и забава за целото семејство во најубавиот период од годината.

Билетите се пуштени во продажба и може да се набават online, на https://mktickets.mk/event/ngdz/ и на продажните места на MkTickets .

- Реклама -