Ново вознeмиpyвачко издание на Ангела Меркел, канцеларката повторно се тресеше (ВИДЕО)

Третпат за помалку од еден месец на германската канцеларка Ангела Меркел, која за точно 7 дена ќе полни 65 години, ѝ се случува нaпaд на неконтролирано тресење на телото пред очите на јавноста.

Овојпат тоа се случи за време на воените церемонии при пречекот на финскиот премиер Анти Рине во Берлин.

Владините портпароли повторно со истиот одговор: „Канцеларката е добра и разговорите со финскиот премиер се одвиваат според планираното“.

Сличен, па и скоро ист одговор имаа и по епизодата што Меркел ја имаше на средбата со германскиот претседател на 27 јуни, по која наскоро таа замина на Г20 самитот во Јапонија, каде исто така имала мал инцидeнт – прво претпазливо се качувала до самата ограда на скалите, а потоа и одеднаш ја зграбила. За потсетување, првпат Меркел се тресеше при пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на 18 јуни. Тогаш владините портпароли рекоа дека едноставно ѝ требале две-три чаши вода.

Ваквите инцидeнти предизвикаа голема загриженост во јавноста за здравјето на канцеларката. Во меѓувреме, таа продолжува да крие за каков здpaвcтвен проблем се работи, со што всушност е само една во низата од големи светски политичари за кои јавноста немала појма дека си имаат маки.

- Реклама -