Ново Volvo S60 – на крајот на 2017 година

Протекоа информации од салонот во Детроит, според кои Volvo планира да ја претстави нова генерација на моделот S60 кон крајот на 2017 година.

Информациите се од челниците на шведскиот брен, кој веќе и не кријат дека возилото ќе дојде со релативно познат дизајн инспириран од мошне актуелните во моментов ХС90 и едно од хит остварувањата во Кобо центарот – S90. Предвидено е новината да се нуди во стандардна и продолжена верзија, а втората ќе биде се разбира посебно популарна во САД и Кина.


Очекувано, палетата на мотори ќе вклучува само 4 агрегати, а најголемите од нив ќе имаат работна зафатнина од 2.0 литри. Во внатрешноста се предвидува огромен 9,3-инчен дисплеј за инфозабавниот систем во врвните модели и тука со многу елементи од мошне популарните шведски остварувања во моментов.

- Реклама -