Ново реално шоу: Победничката ќе му биде жена на принцот Хари

I Wanna Marry Harry, во продукција на FOX во Велика Британија e  ново реално шоу кое не остави подзинати со својата глупавост.

Имено, 12 очигледнп, неверојатно глупави Американки биле сместени во замок во Британија, каде се натпреварувале која од нив ќе му стане сопруга на принцот Хари.

Само што тоа не е Хари, па тука следува бруталниот шамар од реалноста.

Продуцентите ангажирале актер кој личи на помладиот британски принц, но тој податок девојките не го знаеја до крајот на самото шоу.

Можеби и се работи за сценарио, но повторно тоа не не спречува да кажеме глупави, поради самиот факт што се нафатиле да бидат дел од ваква тв лудост.

Знаеле, не знаеле сеедно. Вистинскиот Хари ќе има одлична забава, па може и ќе ја побара неговата несудена љубов 🙂

Royal wedding: In new reality series 'I Wanna Marry "Harry,"' 12 American women will fight for the chance to wed Prince Harry, who will actually be played by an impersonator named Matthew Hicks

 

- Реклама -