Кариус по само три месеци доби отказ од Њукасл, откако не доби шанса на теренот бидејќи Ник Поуп брани во врвна форма.
На Германецот му тргна кариерата во надолна линија по финалето во Лига на шампиони (ЛШ) во 2018 година против Реал Мадрид кога прими аматерски голови.
Искусниот голман во претходните години бранеше во Бешикташ и Унион Берлин, меѓутоа никаде не се прослави и сега ќе мора да бара нов тим.