Лидерот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев, на денешната трибина од Куманово изјави дека ја зголемиле минималната плата за повеќе пари во семејните буџети, но и најави ново големо зголемување.
– Со зголемување на минималната плата на 12.500 денари, ги изнедначивме сите индустрии и обезбедивме повеќе пари во семејните буџети. Но знаеме дека и тоа не е доволно. Финишираат преговорите за ново, осетно зголемување на минималната плата за уште повеќе пари во семејните буџети.
Преговорите со синдикатите и стопанствениците привршуваат. Наскоро ќе има ново, значано покачување на минималната плата. Не за 500 или 1.000 денари туку за повеќе“, објасни Заев.
Според премиерот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да се помират со напредокот, тоа што на чекор сме од почеток на преговори и затоа со разни сценарија и конструкции се обидуваат да ја спречат интеграцијата во ЕУ и НАТО.