Под влијание на нова значително постудена воздушна маса од север и тоа веќе од понеделник ни следува нов голем пад на температурите на воздухот а сето ова ќе биде проследено со северен и со североисточен ветер.
Во понеделник попладне и навечер како и во вторник особено претпладне ќе има нови повремени врнежи од дожд и тоа претежно во јужната половина од државава додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 8 до 16 степени.
Иако условите не се баш најголеми но сепак постојат и има услови за провејување на снег на највисоките планински места во државава.