Ново генетско истражување покажува сличност помеѓу луѓето и ајкули

Истражувањето спроведено врз срцe од голема бела ајкула, покажала дека овие животни се многу блиски до луѓето. Всушност дури поблиски од зебровата риба, која широко се користи за истражување на невролошки болести, рак и други болести, поради сличноста со луѓето.

Професор Мајкл Станхоуп од Универзитетот Корнел, кој е водечки автор на истражувањето објавено во BMC Genomics, ги открил сличностите додека го истражувал уникатното однесување на овој голем предатор.

“Бевме многу изненадени кога откривме дека во многу од категориите на протеините, ајкулите имаат повеќе сличности со луѓето отколку со зебровата риба”.

Белите ајкули имаат доста интересно однесување и карактеристики. Некои од нив се цицачи, додека пак други произведуваат кавијар. Кај некои видови ембрионите ги јадат останатите јајца или дури другите ембриони уште додека се развиваат. Некои видови ајкули можат да пливаат во многу длабоки води, други не. Некои мигрираат, други остануваат на релативно мала територија во текот на целиот живот.

Станхоуп смета дека новите генетски истражувања им овозможува на научниците да разберат многу повеќе за белите ајкули и останатите видови од овој предатор, многу од кои се загрозени и мора да бидат задржани.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -