Нов лик во серијата „Игра на престоли“.
На фотографијата е Себастојан Крофт, кој доби улога на младиот Нед Старк во шестата сезона од „Игра на престоли“.
Крофт (13) ќе учествува во „флешбек“ сцените од минатото, а продукцијата моментално трага кон млад актер кој ќе гo игра Роберт Баратеон во младоста.
Порталот “Watchers on the wall” пренесува дека HBO моментално во Шпанија бара локација која што би послужила како Кула на радоста, на север од Црвените планини во Дорн.