Ново барање? „Бугари“ и „Бугарија“ се полни со омраза, Скопје да ги ревидира изразите – инсистира бугарски новинар

„СКОПЈЕ ДА ГИ РЕВИДИРА ИМЕТО НА НАРОДОТ И НАШАТА ДРЖАВА – БУГАРИ И БУГАРИЈА“, бара бугарскиот новинар, политичар и поранешен дипломат – Велизар Енчев, водител на политичко-дебатна емисија на бугарската „Слободна ТВ“.

Како што потврдува и самиот во својот пост на Фејсбук, тој е сосема сериозен во барањето и истото го упатува и до историчарите од бугарската страна во Мешовитатата експертска комисија за историски и образовни прашања. Образложението на Енчев е дека изразите кои ги користиме за нашите соседи биле полни со омраза. Тој пишува:

„Малкумина посветуваат внимание на начинот на кој во Република Северна Македонија ни ги нарекуваат народот и државата – Бугари и Бугарија.

Всушност, тоа е српскиот израз на нашата националност и држава и тој е обременет со злонамерна прикриена омраза кон сѐ бугарско. И во монархистичка и во комунистичка Југославија, тој израз се втемели како неофицијален синоним на нешто грозно и одбивно.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот

Денес, посочениот израз на нашиот народ и држава се користи во Македонија со истиот негативен подтекст.

Дојде време да поставиме нов услов пред Скопје, кој би се впишал како анекс кон договорот од 1 август 2017 година: Бугари и Бугарија да се заменат со Балгари и Балгариа.

Со оглед дека со јазичната реформа на српско-македонските комунисти од 1945 година буквите Ъ и Я беа ликвидирани, ќе прифатиме како привремено решение тие да се заменат со А.

Ова го предлагам целосно сериозно и се надевам дека бугарскиот дел од Мешовитата историска комисија ќе го дискутира со сета сериозност.

Време е во Скопје да раскрстат со српското јазично влијание кое ги труе бугарско-македонските односи. Така србизираниот југозападен бугарски дијалект барем малку ќе се растовари од антибугарската лексика“, пишува Енчев.

via Експрес.мк

- Реклама -