Третата серија на разговори што утрово ги објави италијанска Ла Верита опфаќа комуникација меѓу првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки и бизнисменот Орце Камчев, по чија пријава всушност обвинителството отвори истрага за трговија со влијание и перење на пари.
Во овие разговори, Боки 13 и Камчев говорат за менаџирање на процесот на СЈО „Империја“, како и за исплата на пет милиони евра во неколку фази, додека во неколку разговори се вклучува и женски глас, кој, според весникот, му припаѓа на Катица Јанева.
Според Ла Верита, Јанева во еден од разговорите вели дека обвинителката што го води „Империја“ Лиле Стефанова не може ништо без нејзе, додека во друг разговор објаснува дека дел од лицата се повикани на распит како сведоци, а не како осомничени.
Во еден од разговорите, пак, Боки 13 го споменува и премиерот Зоран Заев, велејќи дека има средба со него и дека со него зборувал со Камчев: „Знам јас што збори он, знам јас што сум зборел со него за тебе тебе, што не знае никој…“.
Во целосните аудио-материјали објавени од Ла Верита, Боки 13 и Камчев зборуваат и за други познати лица, како на пример Штерјо Наков од Фершпед, Дејан Панделески од Пелистерка, но и за екс-шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.
Во продолжение може да се слушнат целосните разговорите.
Видеото ТУКА