Новите Sony MDR-XB910 слушалки

Компанијата „Sony“ на пазарот објави нов модел на слушалки MDR-XB910 чии карактеристики се: посилен и попрецизен звук, соопштија од компанијата.

На новиот модел е применета новата Advanced Vibe Structure технологија за уште погласен бас и почисти средни и високи тонови, обвивката е направена со детали од алуминиум и поседуваат прилагодлив кабел со вградено прилагодување на звукот и микрофонот.

„Благодарение на развојот на Sony Advanced Vibe Structure технологијата, екстремно ниските тонови се уште појасни и поуверливи, а заедно со кристално чистите средни тонови овозможуваат совршено музичко доживување за љубителите на квалитетниот звук“, истакнуваат од компанијата.

Слушалките MDR-XB910 покрај супериорниот квалитет на звукот и минималистичкиот и модерен дизајн, се одликуват со квалиететен и исклучителен пренослив карактер, лесно можат да се спакуваат, што ги прави идеални за патување кога секоја заштеда на простор во куферот е драгоцена. Тука е и преносливиот кабел со вградена контрола на мелодијата и на микрофонот, која овозможува лесна контрола на MP3 плеерот или телефонски разговори без користење на рацете.

Новите Sony MDR-XB910 слушалки ќе бидат достапни во Европа од април, 2013 година.

Спрецификации:

MDR-XB910

Тип: затворен, динамичен
Капацитет (MW): 3000mW
Диск единица (mm): 50 mm
Фреквенција (Hz): 3 Hz -28,000 Hz
Чувствителност (dB / mW): 106 dB / mW
Импеданса (Ohm): 24Ω при 1kHz
Должина на кабел (m): 1,2
Тежина (g) 305g: (без кабел)
Додатна опрема: заменски кабел, флексибилен кабел со вграден микрофон и вградена контрола на мелодија и микрофон.

- Реклама -