Постои мислење дека новите мајки имаат проблем со меморијата. Но според научниците овој „бебешки мозок“ би можел да биде мит. Се чини дека децата можат да ја подобрат меморијата кај жените.
Во серија експерименти новите мајки имале подобар резултат на тестовите за визуелно-просторна меморија – способноста за памтење на иноформации за околината – споредено со жените кои немаат деца.
Истражувачот Мелиса Сантиаго од Карлос Албизу Универзитетот во Мајами рекла дека откритието се противи на верувањето дека жените искусуваат пад на меморијата и когнитивните функции по породувањето.
„Не мора да чувствувате дека бидејќи имате деца вашата меморија не е иста“ додала во презентацијата на наодите пред Американската Психолошка Асоцијација. Таа проучувала две групи жени, 35 кои имале деца на возраст помеѓу 10 и 24 месеци и 35 кои никогаш немале деца.
Двете групи имале слични резултати на тестовите за интелигенција, но оние со деца покажале подобра меморија. Истражувањето покажува дека мозокот се смалува за околу 5 проценти за време на бременоста и се враѓа во нормална големина шест месеци по породувањето. Во ова време на раст мозокот може да мине низ ремапирање на начин кој е одговорен за промената во меморијата. [Baby brain? New mums ‘have BETTER memories’ say scientists]