Адидас ги презентираше новите копачки на ѕвездата на Барселона, Лео Меси, „Пиб де бар10“.
Ова се фудбалските обувки со кои Аргентинецот ќе настапува во наредниот период.
Новите „Пиб де бар10“ копачки се инспирирани од Барио од Лас Херас, Росарио, местото каде што Меси научи да игра фудбал.
„Го напуштив Росарио кога бев млад, но сеуште таму имам мои луѓе, мое соседство, мои места. „Пиб де бар10“ има голема поврзаност со мојот живот, моето детство, со мене” – изјави Лео Меси.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk