Новиот дизајн на Кока-кола лименките ги осмисли креаторот Марк Џејкобс, новиот креативен директор на „Кола-кола Лајт“ во Европа.
Лименките се инспирирани од модата во последните три децении.
Првата, која ја симболизира модата на осумдесетите години од 20 век е декорирана со женска силуета во црно одело, со позадина декорирана со лептир-машни.
Модата од деведесетите е прикажана преку екстравагантна дама во розев фустан, со високи ракавици, високи штикли и голема шапка.
На третата лименка, за која Џејкобс ја барал инспирацијата во трендовите од 2000 година, насликана е девојка во хеланки со жолто-бели риги и црно-бела пругаста маичка. Таа зрачи со спортска енергија.
Погледнете ја рекламата која ја промовира соработката помеѓу прочуениот креатор и Кока-кола…
[youtube]http://youtu.be/tBE8pa_PhdE[/youtube]