Новиот сопруг на познатата Хали Бери е Горан Вишниќ!

Познатиот хрватски актер Горан Вишниќ, има низа успеси, а за него Холивуд повторно има големи планови.
По неговата улога во филмот „Советник“ и серијата ‘Red Widow’, храватскиот актер Горан Вишниќ доби улога и во новата серија на CBS- ‘Extant’.

Таму ќе глуми и 47-годишната убавица Хали Бери која, во реалноста пред неколку месеци се венчаше со французинот Оливие Мартинез со кој доби и син.

Во новата серија ‘Extant’ Вишниќ го глуми ликот Џон Ватс кој е во брак со Моли (Хали Бери). Таа е астронаут кој по година дена се враќа дома по мисија во вселената, и тешко се прилагодува на својот секојдневен живот. Нејзиното искуство во вселената ќе го промени текот на историјата, пишува TV Line.


Extant: Teaser #1 – What Is Extant? by dreadcentral

- Реклама -