Новиот ресурс за кој ќе се водат војни?

sand

По водата и нафтата, еден друг природен ресурс станува толку вреден, што околу него можат да почнат и да се водат војни.

Песок. Го земаме здраво за готово и за нешто што го има во изобилие. Ама, побарувачката за овој ресурс е толку голема што веќе некое време постои црн пазар за истиот. „Песочната“ мафија, на пример, е одговорна за многу од ерозиите на земјиштата во Јамајка.

Бонус факт: наоѓалиштата на песок ги чуваат наоружани луѓе.

Како градежен материјал, песокот одамна го има поминато тестот на времето. Се користи уште од стар Египет, 3500 години пред нашата ера. Денес се користи за многу разни намени – од стандардните градби и базените, до производство на екрани за мобилни телефони и паста за заби.

Побарувачката во последните години нагло порасна, особено по светскиот бум во градежништвото, но и со појавата на новите технологии кои се користат за бушење на нафта. Во 2014-та година, производството на песок изнесуваше 196 милиони тони. Минатата година, пазарот на песокот тежеше 8.7 милијарди долари.

Не толку забавен факт: По водата, песокот е најкористениот природен материјал.

Побарувачката на песок е нерамномерно распределена. Кина, на пример, во последните четири години потроши повеќе песок отколку САД во последниот век. Кина е и петтиот најголем увозник на песок во светот. Песок увезуваат дури и Обединетите Арапски Емирати, и покрај фактот што се опкружени со песочни пустини. Колку песок увезле? Песок во вредност од 456 милиони долари!

И нормално, сé тоа се одразува и на екологијата. Според некои проценки, експлоатацијата на песок доведе до ерозија на плажите на глобално ниво, и тоа за 40 метри во периодот од 1968 до 2008 година.

- Реклама -