Новиот привремен сириски премиер Мохамед ал-Башар ги повика бегалците да се вратат во татковината

Новиот привремен премиер на Сирија, Мохамед ал-Башир ги повикува сириските бегалци ширум светот да се вратат во својата татковина по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.

-Ги повикувам сите Сиријци во странство: Сирија сега е слободна земја која си ја врати гордоста и достоинството. Вратете се!, рече Башир во денеска објавеното интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

„Со крајот на повеќедецениското владеење на семејството Асад, сега мора да се обноват безбедноста и стабилноста во сите сириски градови за да можат луѓето да се вратат во нормалниот живот“, додаде Башир.

Според првичниот договор тој треба да остане на функцијата до март.

Ал-Башир рече дека тогаш една од неговите најважни цели ќе биде да и помогне на неговата земја, разорена од војна, да се санира, а сириските бегалци би можеле да играат важна улога по нивното враќање со нивното искуство стекнато во странство.

Прочитајте и:  Блинкен: Политичката транзиција во Сирија треба да донесе власт што нема да се темели на религиозни вредности

-Мораме да ја обновиме нашата земја и да ја застанеме на нозе и ни треба помош од сите, рече тој.

Ал-Башир претходно беше премиер на Идлиб, едно од најголемите упоришта на бунтовниците. Оттаму, исламистичката група „Хајат Тахрир ал-Шам“ (ХТС) – чиј главен командант е Ахмед ал Шара, попознат како Абу Мохамед ал Голани, ја започна офанзивата со која беше соборен Асад на 8 декември.

Ал-Башир во интервјуто за „Кориере дел сера“ се обиде да ги ублажи стравувањата на критичарите дека ХТС може да изврши преголемо исламистичко влијание врз остатокот од Сирија.

-Погрешното однесување на некои исламистички групи доведе многу луѓе, особено на Запад, да ги поврзуваат муслиманите со тероризмот, а исламот со екстремизмот, рече тој, додавајќи дека тоа лажна карактеризација и потврди дека сака да ги гарантира правата на сите луѓе во Сирија.

- Реклама -