Новиот пребарувач на Microsoft е плагијат?

Повеќе...Kayak, веб страницата која е специјализирана за пронаоѓање на евтин авионски превоз, го обвини Microsoft дека нивниот нов пребарувач Bing е толку сличен со нивната веб страница што ги збунува корисниците.

Kayak, веб страницата која е специјализирана за пронаоѓање на евтин авионски превоз, го обвини Microsoft дека нивниот нов пребарувач Bing е толку сличен со нивната веб страница што ги збунува корисниците.

kayak_vs_bing2.jpg

Според Wired, Kayak испратиле писмо во Microsoft во кое ја искажуваат својата загриженост дека постои голема сличност помеѓу нивната веб страница и опцијата за пребарување кај Bing.

И Kayak и опцијата за планирање на патувањата, која од Microsoft ја акцентираа како главен адут на нивниот нов пребарувач, ги даваат резултатите од пребарувањето на многу сличен начин. Голем број на експерти кои напишаа рецензија за Bing, кратко после неговото појавување во мај оваа година, ја забележаа големата сличност со Kayak.

Whitney Burke, одоворната за Bing, ги негира тврдењата на Kayak. Таа тврди дека сè уште го разгледуваат спорното прашање со Kayak и дека нивните обвинувања се неосновани, поради фактот што Bing Travel независно се развивал како соработка на Microsoft и Farecast.com.

Постојат авторски права за заштита на изгледот на еден продукт од ваков вид, но тие тешко можат да се докажат. Од Kayak се фатени помеѓу негодувањето заради тоа што една голема компанија го краде нивниот труд, а од друга страна ласкавиот факт дека дизајнирале толку добар интерфејс кој е копиран. Kayak, од друга страна, е компанија со помалку од 100 вработени, додека во Microsoft само бројката на адвокати е поголема од 100.

Во меѓувреме, ова не влијае врз популарноста на пребарувачот Bing, барем во САД каде статистиките покажуваат дека Bing е застапен со 16.7% на пазарот на интернет пребарувачите.

- Реклама -