Втората генерација на електричниот модел на Nissan – Leaf, ќе излезе на пазарот со доста посериозна автономија со едно полнење, објавија од компанијата. Сега максимумот на Leaf е 250 километри, според циклус NEDC, кој покажува разлика во споредба со реалната експлоатација.
Во САД декалрираната автомијата на Leaf е малку над 170 километри и се смета дека таа е многу блиска до реалната. Директорот во Nissan задолжен за развојот на електричните автомобили – Казуо Јаџима, предвиде дека следната генерација на Leaf ќе има автономија од малку над 400 километри со едно полнење. Електромобилот ќе предложи уште промени за клиентите – повеќе простор на ентериерот, обезбеден од поголемите димензии, бидејки Leaf ќе е малку поголем од Chevrolet Bolt. Јаџима објави за Nikkei Automotive дека Nissan планира уште еден електромобил кој засега е тајна и кој ќе има километража од 550 километри.
Се претпоставува дека станува збор за компактен модел кој ќе биде позициониран под новиот Leaf и ќе биде со големина на сегашната генерација на моделот. Се очекува дека премиерата на новиот Leaf да биде подоцна оваа година, а клиентите ќе ги добијат првите автомобили пред крајот на 2018.