Новиот модел на Lamborghini ќе се вика Centenario LP770-4

Следната година Lamborghini ќе извади нова лимитирана изведба, а деталите за неа почнуваат да излегуваат со наближувањето на дебито.

Се очекува машината да биде прикажана за време на салонот во Женева, а медиумите веќе објавија дека нејзиното име ќе биде Centenario LP770-4.

Ѕверката ќе се базира на Aventador SV и ќе се појави по повод 100-годишнината од раѓањето на основачот на фирмата, Феручио Ламборгини. На располагање ќе биде преработен 6.5-литарски V12 мотор, чија максимална моќност ќе биде 770 КЅ, како што и името сугерира.

Забрзувањето од мирување до 100 km/h ќе трае 2,7 секунди, што ќе го направи автомобилот за 0.2 секунди побрз од својот оригинал. Максималната брзина пак ќе достигнува 350 km/h.

 

- Реклама -