Новиот летен хит „Убав е“ на Сара Мејс (ВИДЕО)

Сара Мејс ни донесе нова музичка приказна – песна која лесно остава впечаток и тешко се заборава. Нежната и енергична композиција „Убав е“ е во целост нејзина творба (музика и текст), а зад аранжманот стои Роберт Билбилов, кој внесува заразен диско ритам. Видеоспотот е снимен на прекрасни плажи во Грција и во Скопје, што дополнително ја нагласува убавината на оваа песна. Ова не е само песна за слушање; тоа е искуство кое допира до срцето и поттикнува размислување.

Љубовта, како вечна општествена тема, често полна со компликации, а сепак длабоко човечка, претставува главната порака во оваа музичка творба. Ова произведение зборува не само за него, туку и за неа. Сара, со својот уникатен стил, длабока емоција и уметничка елеганција, го раскажува патот на една жена која се преиспитува и се „бори“ со сопствените чувства.

„Да нема сонце, ќе можам. Да нема вода, ќе можам. Да немам никој, ќе можам. Но, без него не можам“…

Спотот е како визуелна бајка, со плажи, морски гигантски простори, зајдисонце и со специфичната, ненаметлива женственост на Сара, што совршено ја надополнува целокупната музичка приказна.