Новиот косовски премиер ќе бара нова истрага за „Диво насеље“ од Заев, оваа била монтирана

Штом го добие мандатот, новиот косовски премиер Албин Курти ќе ги истражи сите органи и институции во Косово во потрага по било какви докази за случајот „Диво насеље“, во кој, според него, „неправедно се затворени невини лица“, најави тој во интервју за ТВ „Шења“, изразувајќи жалење за она низ што поминуваат ocyдените.

Според лидерот на „Самоопределување“, целиот процес е нелегитимен, сомнителен и монтиран, особено затоа што е почнат во време на „претходниот режим“ во Македонија, поради што Курти го смета за неверодостоен. Тој најави и дека ќе контактира со македонската влада и премиерот Зоран Заев и ќе бара да се отвори нова истрага и објавување на сите  досегашни докази кои, според него, биле држени во тајност, а со цел целосно да се расветли случајот.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични
- Реклама -