Со новиот iPhone ќе можеме да вршиме плаќање.
Ова е постигнато со договор со Visa, MasterCard и American Express, како и големите банки и трговски синџири , пишуваат американските медиуми.
Услугата се очекува да биде објавена на 9 септември, или само по 7 дена, откако ќе биде претставен и iPhone 6 , додава “„Блумберг “, повикувајќи се на извор, кој што побарал анонимност.
Така, новиот модел на iPhone би се претворил во мобилен паричник. Новата технологија ќе овозможи да се вршат плаќања без користење на платежните картички, што ќе потврдува со отпечатоците до палците на нивните сопственици. Претходно извршниот директор на Apple, Тим Кук веќе објави дека технологија за распознавање на отпечатоците на палците ќе може да се применува за мобилни плаќања.
Извршниот директор на Apple Тим Кук не ја криеше својата желба да направи нешто иновативно или креативно со над 500 милонските сметки на iTunes со поврзани кредитни картички на располагање на неговата компанија, и вклучувањето на сензорот за отпечатоци на iPhone 5s, беше виден од страна на многумина како првиот чекор на Apple движејќи се кон мобилните исплати, дозволувајќи им на корисниците да ги користат своите мобилни теледони насместо паричник, пари, или кредрина картичка.
Портпаролите на “Епл”, како и на компаниите за кредитни картички, одбија да дадат коментар за агенцијата. За „Епл” ова би значело повеќе лојалност кон брендот и зголемена побарувачка на нивните производи .
Се очекува iPhone 6 да претстави два нови модели паметни телефони – со 4,7 и 5,5 инчен екран (iPhone 5S е со 4-инчен екран).
Според информации на ” Волстрит џурнал “,” Епл “ќе користи многу отпорен сафир наместо традиционалното стакло за екраните на новите 5,5-инчен телефони , додека 4,7-инчен верзија ќе биде со стакло.