Новиот господар на Нирбургринг е електрично возило

Компанијата NIO објави дека нивниот електричен модел ЕР9 постави нов апсолутен рекорд на легендарната патека Нирбургринг – 6 минути и 45,900 секунди.

Електричниот погонски систем на NIO EP9 е во состојба да генерира моќност од 1.360 коњски сили, што е еден од главните фактори за тоа автомобилот да биде во можност да развие максимална брзина на движење од 313 km/h. Електромобилот кој пред наjновото свое остварување, подобри и постави нови рекорди на четири светски патеки, забрзува од 0 до 100 km/h за 2.7 секунди, од 0 до 200 km/h за 7.1, а границата од 300 km/h се достигнува за 15,9 секунди.

Пред еден месец, за време на меѓународниот саем во Шангај, NIO ги објави своите амбициозни планови за развој на повеќе производи во овој стил на пазарот. Домаќините ја демонстрираа завршената верзија на SUV изведбата со седум седишта, ES8, кој ќе биде пуштен во производство до крајот на оваа година и ќе биде на располагање на кинеските корисници на почетокот на следната година. Паралелно со светската премиера на ES8, од NIO најавија дека ќе почнат да прифаќаат нарачки за купување на суперспортската изведба EP9. Првата серија од шест претставника на електричниот модел е предвидена за инвеститори во NIO, но потврдено е дека веднаш по ова ќе биде произведена втора серија од 10 парчиња на електричниот, а секој од моделите  ќе биде изработен по нарачка. Основната цена на автомобилот е одреден на 1,49 милиони американски долари.

- Реклама -