Google официјално стартуваше со Messenger новата апликација за допишување која има за цел да стане главен избор за испраќање пораки на вашиот смартфон или таблет, а исто така се надева дека ќе ја замени и старата SMS апликација која подолго време беше непроменета.
Messenger е целосно изработена во новиот Material дизајн како главен белег на Android 5.0 Lollipop но, корисниците нема потреба да ја чекаат софтверската надградба и веднаш може да ја користат. Тоа значи дека дизајнот и функционалноста се одлично осмислена, па со Messenger може да лесно да споделувате секаков вид на содржини, како и да испраќате аудио пораки до вашите контакти.
Во Messenger е воведена и опцијата за пребарување низ контактите и разговорите за да најдете соодветна информација или податок. Messenger нуди и можност за блокирање на контакти од кои не сакате да добивате SMS пораки. При допишување на располгање имате голем избор на емотикони и различни прилагодувања на текстот.
Новиот Messenger може веднаш да го инсталирате од Play Store и да го користите за сите уреди кои работат на Android 4.1 Jelly Bean или понова верзија.