Новиот Gmail пристигна на iPhone

Google ја лансираше најавената нова верзија на Gmail, еден од најкористените сервиси за електронска комункација, наменета за уредите со оперативен систем iOS.

mzl.puawgpzk.320x480-75mzl.swfihnoz.320x480-75

Кај оваа најнова верзија на Gmail ќе најдете целосно ребрендиран и изменет Inbox, со подобар начин на организација на примените пораки по категории и полесно пребарување.

Промени има и во делот на известувањата каде е оставен слободен избор како ќе ја органзирате апликацијата, па може да одберете кои известувања ви се најважни, кои не или пак може целосно да го исклучите системот за достава на новостите.

Gmail-ipad

Апликацијата Gmail за iOS може бесплатно да ја превземете од iTunes App Store, а доколку веќе ја имате може да ја инсталирате надградбата.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -