Новиот германски брз воз задоцни уште на првиот ден

Првиот ден на новата брза железничка линија на „Дојче Бан“, која ги поврзува Берлин и Минхен, не помина баш во најдобар ред… Искрено? Помина ужасно, ко за Германци.

Имено, возот што поаѓал од Минхен имал технички проблем и во Нирнберг бил префрлен на побавна линија, а во Берлин стигнал со два часа доцнење.

Целата поента што германската железница ја отвори новата линија за брзи возови од Берлин до Минхен е да му се конкурира на авиопревозот, бидејќи се скратува времето на патување. Возовите на брзите линии се движат со брзини и до 300 километри на час, а патувањето што порано траело 6 часа со нив се намалува на под 4 часа.

Прочитајте и:  Берлин ја зголеми воената помош за Украина за 400 милиони евра и покрај лошата состојба на буџетот

Во овој случај тоа не се покажа така, ама не ги судиме – не сме во таква позиција. Тоа што светските медиуми ова го сметаат за вест е доволен показател.

- Реклама -