Новиот Ford Focus RS до 2015

Ford планира да ја лансира на пазарот новата генерација на набилданиот Focus RS за две години, истакнуваат повеќе медиуми, повикувајќи се на свои извори во компанијата.

Возилото под хаубата ќе има 2.3 литарски четирицилиндерски турбо мотор со моќност од 335 КЅ. Focus RS ќе добие поагресивна надворешност, спортска внатрешност, посилни сопирачки, модифицирано потпирање, LSD диференцијал и спортски издувен систем. Цената на спортскиот хечбек ќе биде околу 40.000 евра. Сегашноста генерација на RS веќе е симната од производство. Таа се потпира на 2.5 литарски турбо мотор со моќност од 305 КЅ. Забрзувањето до стотка кај неа беше за 5.9 секунди.

418_focus-rs-470-1

Оваа навистина извонредна вест пристигнува откако само пред неколку дена беше потврдено дека помалиот брат на Ford Focus RS – Ford Focus ST, е најдобро продаваните спортски хечбек во Европа. Моделот ги надмина во продажбата Volkswagen Golf GTI и Renault Megane RS.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -