Наскоро ќе биде познато кој ќе го режира ова акционо остварување, а најмногу се спомнува името на Гај Ричи.
Новото продолжение на филмот за Џејмс Бонд би требало да се појави во кино салите за три години, а наскоро ќе биде познато и кој ќе го режира, соопшти студиото „MGM“.
„Многу сме возбудени поради франшизата и наскоро ќе соопштиме кој ќе го режира новиот филм. Се надеваме дека филмот ќе стигне во кино салите во наредните три години“, рекол извршниот директор на MGM”, Гери Барбер за „Ројтерс“.
Режисерот на „Skyfall“, Сем Мендес јасно стави до знаење дека нема да го снима 24. филм за Џејмс Бонд, а и режисерот Дени Бојл, исто така, рече дека не е заинтересиран за снимање на филмот за британскиот таен агент 007.
Во јавноста најмногу се спомнува името на Гај Ричи, кој е режисер на култните „RocknRolla“, „Snatch“ и „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“.