Премиерата на најновиот филм за агентот 007, овој пат со наслов СПЕКТРА (SPECTRE), пристигнува во Кино Милениум, во петок (06.11), со термин во 20 часот.
Режиран од Sam Mendes, со Daniel Craig, Christoph Waltz, Ralph Fiennes, Monica Bellucci, Naomie Harris во главните улоги, филмот е еден од најдолгоочекуваните годинава.
Уште еден новитет за оваа недела на репертоарот на кино Милениум е анимираниот филм СНУПИ И ЧАРЛИ БРАУН 3Д (SNOOPY AND CHARLIE BROWN: THE PEANUTS MOVIE 3D). Улогите(гласовите) ги толкуваат Kristin Chenoweth, Francesca Capaldi, Madisyn Shipman, Noah Schnapp, а филмот е во режија на Steve Martino.
Во рамки на киното, да не го заборавиме и затворањето на овогодишниот Фестивал на планински филмови ЕХО-Фест, кое ќе се одржи во четврток(05.11.), во терминот од 19:00 часот.