Новиот Audi Q7 ќе дебитира во Париз

Втората генерација на најголемиот теренец на Audi ќе биде претставена на салонот во Париз, во октомври следната година, тврди британското списание Auto Express. Продажбата на автомобилот ќе почне наскоро по завршување на Салонот.

За новиот модел се веќе познати доста детали. Најглавната новина е секако намалувањето на тежината во споредба со неговиот претходник. Се очекува „диетата“, на која германските инженери го подложуваат теренецот, да „тргне“ барем 350 килограми од неговата тежина. Ако таа цел се постигне, основната верзија ќе тежи под 2 тони. Главна улога за консрукцијата на огромниот теренец ќе одигра новата модуларна платформа MLB, која ќе се изработува од челик, но ќе има и доста алуминиумски компоненти.

722_Audi-Q7-470-2

Како и досега, под хаубата на новиот Q7 ќе се монтираат дизел мотори со зафатнина од 3.0 до 4.2 литри. Со турбо полнење ќе бидат и сите бензински мотори со кубатура од 3.0 и 4.0 литри. Инженерите во Инголштад планираат и хибридна верзија Q7 e-tron која ќе атакува на пазарот во подоцнежна фаза. Сите модификации ќе бидат со двоен пренос и ќе се опремени со 8-степен автоматски менувач.

Меѓу технолошките новини ќе бидат Матрични фарови и 4G интернет. Според Auto Express основната верзија ќе чини околу 54 000 евра.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -