Способноста на хибридните автомобили да ја сопрат работата на моторите при одредена брзина, според експертите на Hella, придонесе за поголемо намалување на потрошувачката на гориво.
Затоа од Hella развиле систем што ќе го прави тоа, а велат новата примена би го сторила истото, и кај нормалните возила со мотори со внатрешно согорување.
За оваа цел од Hella развиле слична технологија и за стандардните бензински и дизел мотори, која ќе ја сопре работата на моторот при брзина до 95 km/h, ако не е потребeн вртежен момент за тркалата. Ваквите системи се користат во доста од хибридните автомобили, а моторот се активира веднаш по потреба за забрзување на автомобилот.
Се смета дека новиот систем на Hella може да ја намали потрошувачката на гориво за сериозни 10%. Cистемот вклучува две батерии што ќе осигуруваат работата на сопирачките и управувачкиот системи, преку електронски пат, со исклучен мотор. Батериите може да се напојуваат преку разни извори во возилото, а системот со двоен акумулатор се грижи и за зачувување на топол или ладен воздух во внатрешноста.
„Замислете подолг пат за приближување кон семафор на кои е запалена црвената светилка. Во овие моменти воопшто не ви треба моторот да работи“ истакнува Мартин Фишер, претседател на Hella Electronics.
„Затоа системот го деангажира менувачот, го гаси моторот и имате заштеда на гориво. Овој систем треба да се усоврши и секако ќе си пробие пат до масовно производство од три до пет години“.
Според Hella главната задача е корисниците да го прифатат новиот систем и да се сигурни дека е безбедна. Тестовите покажуваат дека технологијата е ефикасна, така што останува во тоа да се убедат и потрошувачите.