Новинар до Заев: Премиере, доцните како економскиот раст! (ВИДЕО)

2019-та ќе биде година на економски резултати, најавија премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски на вчерашната заедничка прес-конференција.

Изградбата на патиштата и железницата, како и гасификацијата на државата ќе бидат во фокусот на Владата за реализација на капиталните инвестиции во 2019 година, најави Заев.

Со промовирањето на правично оданочување, социјална заштита и реформиран пензиски систем, како и со зголемувањето на социјалната помош, општеството ќе понуди солидарност, порача тој.

Најави и дека платите ќе продолжат да растат во 2019-та, и дека парите ќе се вратат назад кај граѓаните, а порача и дека постојат реални можности просечната плата да се искачи до 500 евра, како што беше ветено, до крајот на неговиот мандат.

„Минатата година ја завршивме со просечна плата од повеќе од 24 илјади денари или 400 евра. Можам да најавам дека дополнително ќе донесеме одлука за зголемување на минималната плата, бидејќи со нејзиното зголемување почна спиралата на раст на просечната плата што траеше до септември, а видовме дека продолжи и потоа“, изјави премиерот.

Многумина се незадоволни од економските реформи и сметаат дека истите се одвиваат со големо задоцнување, за разлика од ветеното, исто како што задоцни и почетокот на заедничкиот прес на Заев и Тевдовски. Наместо во 12:30 часот, пресот започна еден час подоцна, а колку за да биде економската слика комплетна, еден од новинарите – Фуркан Салиу од ТВ 21, го пречека со зборовите: „Премиере, касните како економскиот раст!“. На тоа и Заев и Тевдовски возвратија со насмевка, едниот со широка, другиот со троа кисела:

 

 

- Реклама -