После две недели од последната промена на цените на бензините, Регулаторната комисија за енергетика треба да ја направи новата корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, која ќе важи од понеделник.
При последната промена на цената на Дизелот се намали за половина денар, а цената на бензините остана непроменета.
Цените на ЕУРОСУПЕР БС 95 и ЕУРОСУПЕР БС 98 останаа исти. 95 октанското гориво чини 65,5 денари, а 98 октанското 67,5 денари еден литар.
Цената на Дизелот се намали за половина денар и чини 57,5 денари за литар.
Следи нова цена на горивата во Македонија. Неколку недели цената се зголемуваше, по што и дизелот ја премина границата од 60 денари, а со последните две одлуки цената се намалува.
Останува да видиме што ќе одлучи Регулаторна за цените на горивата кои ќе важат од понеделник.