Информациите и сликите поврзани со Samsung Galaxy Alpha, продолжуваат да се појавуваат и да ja разгоруваат ситуацијата пред престојнaта премиера.
Пред околу две недели ви се појавија првите поверодостојни слики од смартфонот, а сега излезе нова серија на слики, и тоа од два различни извори го потврдува неговиот дизајн.
Првите фотографии истекоа во кинеската социјална мрежа Weibo и го покажуваат Samsung Galaxy Alpha во бела боја. Twitter корисникот culeaks исто така покажа фотографии на уредот, а на една од нив Galaxy Alpha е споредуван со iPhone 5S. Излегува дека новиот смартфон на Samsung е дури потенок од Apple iPhone 5S, чиј профил е едвај 7,6 милиметри. Засега точни димензии на Galaxy Alpha не се објавени, но за тоа пак хардверските спецификации ни се добро познати.
Samsung Galaxy Alpha ќе има 4.7-инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1280 x 720 пиксели. Смартфонот ќе користи Exynos 5433- еден од најновите и моќни мобилни процесори произведени од Samsung. Главната камера на смартфонот ќе биде 12-мегапикселна, а камерата за видео разговори ќе има сензор со резолуција од 2 мегапиксели. Се потврдува и фактот дека уредот ќе има 32 GB меморија за складирање на податоци, но нема да има MicroSD слот.
Официјалната премиера на Samsung Galaxy Alpha се очекува да биде сосема наскоро – на 13 август.