Нови родендени со стари песни

„Роденден е денот што го чекаме цела година…“ стихови кои и денес ечат секојдневно од детските игротеки во Македонија. И не само тие, тука се и „Ех тој Тоше“, „Никола Никола“, „Сакам кола убава“, „Мамина маза“, „Како ли јас да пораснам“…

Сите тие деца пораснаа, но нивните песни останаа вечни. И тоа од една страна е одлично затоа што говори за време кога во Македонија имаше детска сцена, но од друга страна денес немаме ни бледа копија на златните фестивалски години.

Во 90-те и кратко на почетокот на новиот век сведоци сме на една експанзија од детски фестивали и емисии, но и настапи во живо и транспарентни аудиции. Да не говориме за времето кога на „Златно славејче“ имаше оркестрирани настапи во живо.

Освен што песните како композиции беа квалитетни, факт е дека и не можеше секое дете да стане пејач.

Денешните песни ги нема никаде – ниту по радијата, ниту на телевизиите, ниту по игротеките.

Овој податок говори за тоа дека е време да воскресне детската програма чиј што тајминг го завземаат платените политички програми, турските серии и старите проекти на МРТВ кои никогаш не добија наследници.

- Реклама -