За што можете да го користите стариот паметен телефон?
Веќе кажавме дека не е многу безбедно да го продавате стариот Android смартфон . Тогаш се поставува прашањето: за што можете да го користите вашиот стар уред?
Еве некои од карактеристиките кои вашиот стар смартфон може да ги врши:
1. Камера за набљудување на домот
Смартфоните се опремени со технички карактеристики кои лесно можат да ги претворат во камери за набљудување. Веќе има и соодветен софтвер и апликации, кои ќе ви овозможат да бидете известени со порака за присуство на движење во вашиот дом.
2. Уред за следење
Оние кои сакаат да живеат во улогата на “шпиони”, можат да ги користат старите телефони за следење на секаков вид објекти. Дали ќе биде тоа вашиот миленик или колега, постојат апликации, кои овозможуваат снимање на сите локации каде што се прошетал уредот. Можете да го чувате и во автомобилот – во случај истиот да ви биде украден.
3. Како далечински управувач
Постојат многу апликации што го претвараат смартфонот во далечинско за контролирање на безжични уреди, како што се телевизори, стерео, климатизери и др.
4. Аларм, дигитална фото рамка
Стариот уред може многу погоден ако се користи како будилник, календар, аларм или да ги визуелизира вашите омилени слики. Постојат многу апликации кои поднесуваат бескрајни можности во овие упатства.
5. За поддршка на научни случувања и откритија
Можете да го дадете вашиот уред како компјутерската моќ. Постојат програми како SETI @ home и Folding @ home кои овозможуваат тој да биде користен како средство за пресметка на различни задачи поврзани со теми од климатските промени до истражување за борба против СИДА. HTC кои ги развиле овие апликации, велат дека 1 милион смартфони работат со компјутерска моќ, еднаква на еден петафлоп – процесорска моќ, што влегува во рангирањето на 30-те најмоќни суперкомпјутери во светот.
6. Уред за игри, музика, медиумски апликации
Да играте игри или да слушате музика е многу удобно и пријатно, но води до брзо празнење на батеријата на уредот. Затоа можете да го користите вашиот стар уред за слични цели, со тоа што ќе ја штедите батеријата на вашиот главен smartphone.
7. Патнички компјутер
Стариот смартфон можете да го користите како патнички компјутер за автомобил или велосипед. Има голем број на апликации кои може да ви ја покажат и набљудуваат потрошувачката на гориво или да алармираат при присуството на системски грешки. Други апликации го проценуваат бројот на калории или поминатото растојание, ако сте на вашиот велосипед.
8. Далечински да управувате со вашиот компјутер
Пристапот до вашиот компјутер со смартфонот ви е уште полесен, со оглед на тоа што постојат бројни апликации кои помагаат тоа да се случи.
9. Играчка за деца
Пред да го направите ова, треба да го исчистите смартфонот, како и да го ограничите пристапот до одредени апликации. Има и голем број на апликации кои можат да го направат тоа наместо вас.
10. Да го направите енциклопедија
Можете да ја симнете на Вашиот стар уред целата Wikipedia. Таа е само 3.6 GB.