Нови правила за првата претседателска дебата меѓу Бајден и Трамп

Првата претседателска дебата меѓу двајца кандидати за претседател на САД, актуелниот шеф на државата Џозеф Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп, ќе се одржи на 27 јуни во Атланта, Џорџија, со нови правила.

Кабелската ТВ мрежа Си-Ен-Ен која ќе ја емитува првата дебата, објави дека изборниот штаб на кандидатите се согласил со новите правила, што вклучуваат исклучување на микрофон.

Модерирани од водичите на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер и Дејна Беш, емитувањето е предвидено да трае час и половина, со две паузи за реклами.

Немаше паузи за реклами кога Комисијата за претседателски дебати беше задолжена за ТВ дебатите во последните три децении.  За прват од 1976 година, во студиото нема да има публика.

И двајцата кандидати се согласиле да им се исклучат микрофоните кога не им е редот да зборуваат, со што се намалува можноста за прекини. За време на дебатите пред претседателските избори во 2020 година, Трамп и Бајден постојано се прекинуваа еден со друг. Следејќи ги стапките од претходните години, модераторите „ќе ги користат сите достапни средства за управување со времето и за обезбедување цивилизирана дискусија“, соопшти Си-Ен-Ен.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

За разлика од минатите години, кандидатите нема да имаат воведни говори. Тие ќе имаат две минути да одговорат на прашањето, со едноминутни реплики и одговори на реплики.

Модераторите исто така ќе имаат дискреционо право да дадат дополнителна минута.

На крајот од дебатата, кандидатите ќе имаат две минути за завршни зборови.

- Реклама -