Најочекувани блокбастери за оваа година секако дека се„Oblivion“, „Fast & Furious 6“ и „World War Z“. Погледнете ги постерите за овие филмски остварувања како најава за тоа што ќе гледаме.
Oblivion (акција,авантура, научна фантастика)
Премиерата е закажана за 19 април. Во главните улоги се Том Круз, Морган Фриман, Олга Кириленко…Режијата е на Џосеф Косински. Дејството е сместено во постапокалиптичната иднина во која поголемиот дел од човештвото живее во облаци, а површината на Земјата е загадена по вонземската инвазија. Во подземејто постои град со луѓе кои ги води Малколм Бич (Морган Фриман). Том Круз глуми војник чија задача е да ги лови вонземјаните.
World War Z (акција,драма,хорор)
Премиерата е закажана за 21 јуни. Филмот е во режија на Марк Фостер, а главните улоги ги толкуваат Бред Пит, Мирел Енос, Дејвид Морс… Филмот е базиран според бестселерот „World War Z: An Oral History of the Zombie War“ на авторот Макс Брукс. Бред Пит го толкува ликот на Гери Лејн, вработен во ОН кој се соочува со светска пандемија на зомби што му се заканува на човештвото.
Fast & Furious 6 (акција,крими,трилер)
Премиерата е закажана за 24 мај. Филмот е во режија на Џастин Лин. Во новото продолжение ќе се појави стандардната екипа составена од Вин Дизел, Пол Вокер и Двејн Џонсон. Двејн Џонсон ќе побара помош од Дизел и Вокер, а за возврат ќе им понуди амнестија.