Нов неуспех за македонските кадети на Европското првенство Б дивизија

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска претрпе нов пораз на Европското првенство Б дивизија, кое се одржува во Скопје. Во натпреварот за пласман од 13-16 место, македонскиот национален тим загуби од Бугарија со резултат 65:70 (16:14; 16:20; 18:23; 15:13).

Во текот на поголемиот дел од натпреварот, особено во второто полувреме, кадетите на Бугарија задржија предност која не надминуваше осум поени. Во последната минута, младите македонски кошаркари успеаја да ја намалат разликата на само еден поен (65:66), но за жал направија грешка при последниот напад, што дозволи противникот да ја зголеми предноста и да ја обезбеди победата.

Македонските репрезентативци утре ќе се соочат со Велика Британија во натпреварот за 15. место, кој ќе започне во 11:30 часот.