Изминатите седмици се чини како среќата воопшто да не им е наклонета на екипата која работи за телевизијата Канал 5. После непредвидените две изјави кои решија да ги прекинат додека се пренесуваа во живо, за што подоцна беа силно критикувани, слична ситуација доживеаја и денеска.
Имено, додека на вестите даваше изјава пратеникот на ВМРО од Охрид, Александар Николовски, новинарот Саше Ивановски – Политико, го прекина разговорот прашувајќи го зошто не е пуштен да присуствува на лидерската средба на клубот на пратеници, и покрај неговата акредитација.
Како што погодувате, и овој пат изјавата беше веднаш прекината, а вестите веднаш се претворија во хит на социјалните мрежи.