Кога славната актерка Британи Марфи почина, сите беа во шок. Дури пред само неколку недели излезе веста дека била отруена- сега се објавени и некои нови докази.
Таткото на актерката Британи Марфи прв ги започна натписите во медиумите за неговата ќерка дека била отруена. Сега анализата на нејзината коса покажала дека во времето на смртта во телото имало зголемено ниво на тешки метали и отрови, кои често се наоѓаат во пестицидите.
„Нејзината смрт не е правилно истражена. Се укажуваше на труење, но кабинетот на мртовницата не побарал правилни токсинолошки испитувања за да се открие дали е отруена. Нејзиниот случал беше турнат под килим“, изјавил нејзиниот татко, Анџело Бертолоти кој го нареди второто истражување, пишуваат американските медиуми.
Всушности, само пет месеци по нејзината смрт, од истите симптоми починал и нејзиниот сопруг Симон Монјак.
Иако мајката на Британи не може да ги прифати тие тврдења, во телото на актерката очигледно имало 10 тешки метали над препорачаните нивоа.
„Ги потврдија и го проширија списокот на отрови најдени во нејзиното тело. Повеќе не се сомневам дека мојата ќерка е отруена“, вели Бертолоти.