Шест нови молекули можат да пренесуваат гени

ДНК веќе не е многу специјална. Со децении само неколку молекули имале способност да складираат и пренесуваат генетски информации. Но сега биолози откриле дека постојат уште шест молекули кои го можат токму тоа и велат дека можеби постојат и повеќе.


Способноста за копирање на информации од еден молекул на друг е основа на животот. Организмите ги пренесуваат своите гени на потомците, најчесто со мали промени, и како резултат на тоа животот еволуира со текот на генерациите. Со неколку исклучоци речиси сите организми користат ДНК за пренос на информации.

Неколку алтернативни нуклеински киселини биле создадени во лабораториски услови, но никој не успеал да создаде една што ќе функционира како ДНК. Овој проблем најпосле е надминат. „Оваа уникатна способност на ДНК и РНК за запишување на информации би можела да биде употребена“ изјавил Филип Холигер од MRC Лабораторијата за Молекуларна Биологија во Кембриџ, Британија.

Сите мислевме дека сме ограничени само на РНК и ДНК“ додал Џон Сатерленд од истата лабораторија кој не бил поврзан со студијата, „Оваа статија го менува сето тоа.“ Тимот на Холигер се фокусирал на шест КНК (ксено-нуклеински киселини). ДНК и РНК се составени од шеќер, фосфат и база. Овие КНК имаат различни шеќери а кај некои шеќерите се заменети со сосема различни молекули.

Ова е првпат вештачки молекули успешно пренеле гени на своите потомци. Бидејќи КНК ја имаат оваа способност тие можат да еволуираат. „Главното прашање е дали овие КНК можат да бидат воведени во клетки“ вели Фарен Исакс од Јејл Универзитетот во Ну Хејвен, Конетикат „Тоа би било неверојатно.“ [Move over DNA: Six new molecules can carry genes]

- Реклама -