Новинарот Бранко Геровски повторно објавува негови сознанија за случајот Рекет. Вчера објави колумна во која посочува нови луѓе, за кои според негови сознанија има индиции дека се вмешани во случајот. Геровски, пишува дека висока личност од СДСМ соработничка на Заев, потоа странски советник, познат интелектуалец и близок човек на Заев се вмешани во случајот Рекет.
„Се надевам дека нема да се лутите што нема да ги именувам овие луѓе, но јасно ќе посочам на нив – тоа се блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, многу близок советник на Заев од една странска земја, познат интелектуалец и познат лик од 1ТВ кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и ги контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Конечно, останува отворено прашањето дали целата операција е водена со дозвола на Заев, или и Заев бил само „изманипулиран“, пишува во дел од колумната на Бранко Геровски.
Ацо Кабранов поранешен главен и одговорен уредник во веќе згаснатата 1ТВ реагираше на новиот текст на Бранко Героски. Кабранов на својот Фејсбук напиша дека е низок удар и неколегијално и тој не се согласува со пишувањата на Героски дека странец го составил јадрото на новинарскиот тим на 1ТВ.
„Во вечерашнава колумна на почитуваниот колега Героски околу негови како што напишал најнови сознанија за аферата „Рекет“, која за воља на вистината јас иако не сум правник ја викам „Поткуп“, ме испровоцираа пишувањата дека „Ѕвездениот тим“ во кој бев и јас и уште неколкумина мои искусни колеги ,го избрал односно не избрал де, некој советник на Заев чинам пишува странец бил“, вели Ацо Кабранов, екс главен и одговорен уредник на 1ТВ.
По објавите се огласи Сашо Ордановски кој му напиша коментар дели тој бил вмешаниот новинар во случајот.
,,Геро, извини, за да нема непотребни недоразбирања, го прочитав написот и би те замолил јавно да соопштиш дали сум јас, Сашо Орданоски, тој „познат новинар“ итн. за кого пишуваш? Поздрав, Сашо”, прашува Ордановски.
На ова Героски му одговори:
,,Сашо, во овој момент, кога случајот “Рекет” е во фаза на судење и на можни дополнителни инкриминации, можам само да ти одговорам дека јас никого не инкриминирам, па ни тебе.
Нови моменти најави и Фросина Ременски, која заработи обвинение за случајот Меѓународен сојуз, или во јавноста познат како Рекет 2. Ја прозва опозицијата, од чии редови сега е министерот за внатрешни работи.
„Очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон“, изјави Ременски.
Боки беше последен што го даде својот исказ во рамки на втората истрага од аферата „Рекет“, откако деновите пред 20 декември тоа го направија и пратеничката Фросина Ременски и Јасна Мандиќ. На 20 декември пред Боки да го даде исказот, на распит беа и неговиот татко Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска.
Тогаш се затвори и истрагата за „Реkет 2“, за која обвинителката Русковска поднесе обвинение. Бојан Јовановски во судница рече дека се чувствува како политички затворениk и дека има закани за физичка лиkвидација.