Нови фотографии на Nokia Lumia 830 укажуваат на мистериозна камера

Се појавија нови фотографии на Nokia Lumia 830 што, за разлика од минатиот пат, се со многу подобар квалитет.

Lumia 830 ќе биде позициониран во средната класа, под предводникот Lumia 930 и над Lumia 730 . Ова ќе биде првиот паметен телефон од Nokia / Microsoft во оваа цена, кој што ќе користи PureView технологија. Се претпоставува дека Lumia 830 ќе користи 20 мегапиксели PureView сензор, кои несомнено ќе го направи смартфонот еден од предлозите со најдобра камера во оваа класа.

Nokia-Lumia-830-620x463 (1)

 

Според најновите информации, Lumia 830 ќе има 4.5-инчен дисплеј со непозната резолуција, чип  базиран на Snapdragon и LTE конекција. Смартфонот ќе биде направен од поликарбонат и ќе се нуди во типичните за брендот, шарени бои. Се чекува Nokia Lumia 830 и Lumia 730 да бидат официјално претставени на 4-ти септември за време на технолошкиот саем IFA во Берлин.

Nokia-Lumia-830-1-620x452

 

- Реклама -