Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на четири (до овој момент) училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, потврдија за МИА од МВР.