Веќе долго време, научниците предупредуваат дека електронските цигари и не се така безбедни како што се мисли. Најновите истражувања обелоденија уште неколку факти.
Во студијата спроведена на државниот универзитет на Јужна Калифорнија, истражувачите открија дека електронските цигари содржат пара на хром – супстанција која ја нема во обичните цигари. Хромот е хемиски елемент за кој се знае дека е отровен. Друг аргумент против е-цигарите е тоа содржат и 4 пати повеќе никел.
Покрај тоа, електронските цигари содржат и олово, цинк и други отровни метали, но во помали количини од регуларните.
Сепак, ако веќе бирате, научниците препорачуваат да изберете електронска цигара. Според проф. Константинос Сиутас, кога ќе се погледне од сите аспекти, е-цигарите сепак содржат помалку штетни материи од класичните. Тоа би значело дека е-цигарите се подобриот избор, но не и дека се безбедни.